Стевановски: Британската Влада инвестираше во фармацевтските компании и сега државата ги бере плодовите од брзата рекација

You must need to login..!

Опис

Врзани за пандемијата, се уште го немамо почувствувано Брегзитот во некоја голема мерка. Освен што подолго ги чекаме интернет нарачките и што плаќаме повеќе за нивна испорака, други последици сега за сега не сме виделе. Последиците за британските државјани кои што живеат во ЕУ се поинакви. Ќе мора да аплицираат за жителство во земјите членки на Унијата кои што тоа го бараат. Доколку не го добијат тоа жителство ќе мора да се вратат во Британија по 30 јуни годинава. Секој друг што ќе сака да остане во Унијата подолго од 3 месеци ќе мора да аплицира за виза, оние што ќе сакаат да работат ќе мора да обезбедат работна дозвола. Британските државјани нема да бидат во ништо поинаква ситуација од државјаните на Македонија, изјави во Утрински брифинг новинарот Зоран Стевановски.

Последиците се поинакви за студентите. Британија излезе од еразмус програмата која овозможуваше бесплатно студирање во Унијата. Таа сега е заменета со друга британска програма која го прави студирање поевтино, но не и бесплатно. Ако ги прашате деловните луѓе, тогаш последиците може да се опишат како сериозни, барем во моментов. Британскиот извоз во Унијата, во јануари годинава падна за 40% проценти. Трговијата со остатокот од светото порасна за неполни 2%. Бирото за национална статистика вели дека веројатна причина за вака големиот пад на извозот е Брегзитот.

Овдешните луѓе не се во голема мерка сомничави кон вакцината. Околу 33 милиони луѓе се вакцинирани со прва доза, додека нешто над 3 милиони луѓе ги примија двете дози. Постоеше извесна скепса кај луѓето со потекло од југоисточна- Азија или кај луѓето со афро-карибско потекло, но беа спроведени кампањи со кои се објаснуваа приодобивките од вакцината. Беа вклучени луѓе кои имаат влијанија во овие заедници. вакцинирањето се одвиваше и во цркви со цел да се приближи овој процес, вели Стевановски.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

one + 7 =