Стевановиќ: Заробениот УКИМ како дел од заробена држава никогаш не се одзароби

You must need to login..!

Опис

Нема законски пречки за покачување на платата од 10% како што тврди Министерството за образование и наука. За колегите да го добијат ветеното покачување кое што е влезено во буџетот во 2019 не е потребно да се потпише колективен договор, а најмалку е потребнио да се потпише непристоен колективвен договор, после 30 години независна Македонија, со само еден единствен челн со еднократно покачување од 10 проценти. Апсолутно е недозволиво да се потпише колективен договор со квази синдикат кој е основан, инициран и под контрола на ректорите.

Ректорите на УКИМ и УКЛО се оние кои инсистираа да се формира нов синдикат, додека подлабоко, се надевам дека ќе падне снегот па да ги откриеме трагите. Во мај месец имаме избори за нов ректор на УКИМ така што ова е дел од една предизборна кампања. Заробениот УКИМ како дел од заробена држава никогаш не се одзароби, изјави универзитетската професорка Маја Стевановиќ, од Независниот академски синдикат, околу прашањето кој ќе го парафира колективниот договор во Министерството за образование за покачување на платите и кој врши притисок врз вработените.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

1 × four =