Старова: Направивме голема ретроспектива на Кондовски за да не се заборават нашите уметнички легенди

You must need to login..!

Опис

Голема ретроспективна изложба на дела од Димитар Кондовски (1927 – 1993), еден од највпечатливите македонски уметници беше отворена на 5 мај во Даут-пашиниот амам во Скопје. Изложбата ги опфати сите периоди од неговата исклучително богата творечка дејност.

„Првичниот мотив за да организираме оваа ретроспективна е изложба е да ги зачуваме имињата на великаните и тие да бидат присутни. Заеме како светските метрополи ги негуваат своите големи имиња и прават историја од нив, ние иако ги имаме тие големи имиња и традиција, како да ги подзабораваме, а ни се потребни за да се потсетиме дека оваа наша мала земја имала и има исклучителни уметници кои, како во случајот на Кондовски, биле ерудити и општественици и дејци во секој сегмент на нивното дејствување и особено во уметноста. Така што нашите великани иако ги подзаборавивме, ние како уметници и носители на културните институции и јас како директори и нашиот тим се зафативме за неколку проекти со фокус на нашите легенди во уметноста. И за среќа, неколку дена не се зборува толку за политиката, туку се споделуваат импресии од отворањето на изложбата на Кондовски и во медиумите и по социјалните мрежи. За оваа изложба соработувавме со МАНУ, со Македонскиот народен театар и секако голема благодарност до семејството кое што ги отстапи делата, тоа има посебен однос кон нив, но мора да бидеме свесни дека тие припаѓаат и на македонската култура и се непроценливо културно богатство за кое треба да потсетиме и да го изложуваме за да знаеме дека имаме великани како Димитар Кондовски“, вели за Утрински брифинг Дита Старова Ќерими, директорка на Националната галерија.


Националната галерија издаде и обемен каталог со текст на Емил Алексиев, а изложбата ќе биде отворена во следните три месеци.

Повеќе од разговорот погледнете во видеото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

19 + four =