Станковиќ: Ја поздравуваме дигитализацијата на образовниот систем, но напоменуваме дека тоа треба да биде алтернатива

You must need to login..!

Опис

-Дигитализацијата е неминовен чин и еден ден мора да се случи. Отсекогаш постоеле стравови и недоразбирања што значи дигитализацијата, но мора да потврдиме дека таа е неминовна. Како Сојуз ја поздравуваме дигитализацијата на образовниот систем, но напоменуваме дека тоа треба да биде алтернатива, а не задолжение. Секој ученик има индивидуален пристап на учење и тоа мора образовниот систем да го цени и да го има предвид, изјави за Утрински брифинг Станиша Станковиќ, Сојуз на средношколци.

Превирањата околу реформите во образованието кои се најавуваат за почетокот на новата учебна година во С. Македонија не стивнуваат. Несогласувањата со идејата да се воведат дигитални учебници, коишто треба да ги заменат печатените, ескалираа со делумен бојкот во училиштата. Учениците и родителите деновиве се пожалија дека добиваат пораки во кои се повикуваат да ја бојкотираат наставата во основните и средните училишта. Такви пораки и понатаму се присутни на социјалните мрежи, а од нив се оградија од Сојузот на средношколци, кои ваквите повици за бојкот ги оценија како манипулација која што може да им нанесе само штета. Во меѓувреме, група родители пред Министерството за образование и наука почнаа да собираат потписи против законот за учебници, а најавија и бојкот на наставата со цел да изразат револт против најавената дигитализација на учебниците.

-Дигитализацијата е неминовен чин и еден ден мора да се случи. Отсекогаш постоеле стравови и недоразбирања што значи дигитализацијата, но мора да потврдиме дека таа е неминовна. Како Сојуз ја поздравуваме дигитализацијата на образовниот систем, но напоменуваме дека тоа треба да биде алтернатива, а не задолжение. Секој ученик има индивидуален пристап на учење и тоа мора образовниот систем да го цени и да го има предвид, изјави за Утрински брифинг Станиша Станковиќ, Сојуз на средношколци.

-Секогаш во образовинието до сега била вмешана политика, но никој не го гледа она што ни е нас најголем проблем. Проблем е во содржината. Прашање е дали таа ќе биде адаптирана на возраста и насоката на средниошколците. Ајкде да го решиме првично овој проблем, а потоа да овозможиме повеќенаменски пристап на учење – дали со фигитализација или со со печатени учебници. Но напоменуваме дека дигитализацијата треба да биде алтернатива, а не задолжение, вели Станковиќ.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

three × three =