Стаменов: Чувањето на домашен миленик е голема обврска, а не занимација или играчка

You must need to login..!

Опис

Пандемијата од ковид 19 целосно го промени начинот на живеење. Најтешката година, годината на затворање и карантини, голем дел од граѓаните ги стави во ситуација поголем дел од времето да мора да го поминат дома.

Социјализацијата од секојдневни контакти и дружења се префрли на социјалните мрежи, но сепак тоа беше делумна олеснителна околност, но не и замена на она што беше нормално во предпандемискиот период.

Во намера да внесат нова свежина, нова енергија во својот дом голем дел од нив се одлучија да вдомат милениче и на некој начин полесно да го пребродат ова тешко време.

По една година мерките спласна и полека и земјава како и сите други земји во светот почна повторно да се отвора и заживува, а луѓето да се враќаат на секојдневните обврски.

Тоа пак за многумина значеше дека немаат повеќе време да одвојат на миленикот кој во најтешките моменти беше до нив.

Во групите за домашни миленци на социјалните мрежи почнаа да се нудат миленици кои биле чувани една или две години. Напуштени домашни кучиња, мачки можат да се забележат и низ населбите во Скопје.

Поради ваквиот тренд ЈП „Лајка“ и Зоолошката градина Скопје почнаа кампања за одговорно сопствеништво „Нашите миленици се наше семејство“.

Во продолжение на оваа тема во Утрински брифинг разговаравме со директорот на скопската зоолошка градина Кристијан Стаменов.

-Светски тренд е со попуштањето на ковид кризата луѓето да немаат време за чување на домашни миленичиња. Чувањето на домашен миленик е голема обврска,а не занимација.

-Со ЈП „Лајка“ и познати личности кои се љубители на животни сакавме да ја подигнеме свеста и да работиме на една кампања и да дадеме поголемо значење и на тие што вдомиле миленичиња.

-Секое животно се приврзува со сопственикот и секое напуштање или повремена грижа миленичињата го осеќаат.

-Сакаме да работиме на едукација пред луѓето да земат милениче. Пред се треба да се информираат што значи грижа за животните, вели Стаменов

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

5 × 3 =