Стаменов, херојот на новото време за УБ: Нема збор за чувството кога ќе донирате компјутер на дете и ќе измамите песничка, цртеж, насмевка

You must need to login..!

Опис

Пет години откако ја почна својата хумана акција за собирање и поправка на стари компјутери, кавадарчанецот Борче Стаменов донираше над 500 компјутери. Неговата иницијатива ДонирајКомпјутер се прочу низ цела држава, а пандемијата и онлајн наставата беше дополнителна мотивација за хуманиот компјутерџија. Се започнало во 2016, кога ја почнал акцијата „Донирај компјутер“. Во неговиот дом место нашле околу 20 компјутери што веќе не ѝ користеле на фирмата во која работел, па наместо да ги фрли, тој ги однел дома. Еден по еден ги склопил и така станале функционални. Кога се прашувал што да им прави, одговорот го добил од самохрана мајка од Кавадарци, која му побарала компјутер.

-Моментално чекаат 30 семејства кои ќе ги обезбедам во наредната недела. Акцијата се уште ја водам сам. Помош стигнува од сите страни. Има доста компании кои се заинтересирани, физички лица донираат. Има иницијатива да доделуваме и новогодишни пакетчиња со сите компјутери, вели за Утрински брифинг Стаменов.

Реакциите кога ги добиваат компјутерите тешко може да се опишат. Пишуваат песнички, цртежи, видеа, но тоа треба да се види, не се опишува. Сметам дека и државата треба да направи напори и да се помогне, смета Стаменов и додава дека малку средства се потребни за да се реши целиот проблем.

Разговорот со Стаменов погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

four × two =