Стаменов од „Донирај комјутер“: Нашата намера е секое семејство да има барем по еден компјутер

You must need to login..!

Опис

Дигитализацијата е клучна за развој на економиите засновани на науки и нови технологии, но социјалниот статус на голем дел од македонските семејства не дозволува да имаат ниту основна компјутерска конфигурација за да може идните генерации да бидат во чекор со новите технологии.

Затоа пак има хумани луѓе кои се одлучиле да се дадат себе си, несебично да вложат дел од своето време и да им помогнат. Како? Овие вредни и способни ентузијасти собираат компјутери, ги поправаат и доведуваат во состојба повторно да се користат, а потоа ги проследуваат на стотици адреси низ земјава!

Станува збор за непрофитната организација Донирај компјутер, а гостин во Утрински брифинг беше нејзиниот основач Борче Стаменов.

-Приказната започна спонтано. Компјутерите за почеток ги користев да вежбаат практиканти. Случајно дојде една мајка, ме запраша дали има некој половен компјутер за дома да се занимаваат со нешто. Така и се роди цела идеја, изјави Стаменов.

-Денеска треба да го дадеме 1250 компјутер и ако според МОН имаме 40.000 ученици кои што немаат опрема за следење он лајн настава, мислам дека само сме загребале на површината од проблемот што го имаме во Македонија.

-Нашата намера е секое семејство да има барем по еден компјутер и мислам дека ќе ја оставириме за некоја година.

-Упорни сме имаме доста помош од компании и од физички лица.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

nineteen − 6 =