Средношколата Ева во Утрински брифинг: Работиме на врсничка медијација за да го запреме булингот

You must need to login..!

Опис

Средношколката Ева Стојчевска од гимназијата Никола Карев денес во Утрински брифинг на Слободна ТВ зборуваше за булингот кај средношколците. Таа е вклучена во Антибулинг кампања која што самоиницијативно ја започнале учениците од гимназијата.

– Оваа кампања започна на крајот на 2018 година. На кампањата и претходеше анонимна анкета која што ја пуштивме помеѓу учениците и која покажа дека навистина има насилство помеѓу врсниците, во кое преовладува психичкото насилство и сајбер булингот, вели Стојчевска.

Во рамки на кампањата се одвива и Форум театар кој има за цел од поблиску да им ја пренесе пораката спречеување на булингот.

– Форум театарот беше во соработка со училиштето Кочо Рацин од Велес и Шаип Јусуф од Шуто Оризари, а во проектот се вклучи и првата детска амбасада во светот „Меѓаши“, додава Стојчевска.

Таа самата била жртва на булинг, што било и нејзина мотивација да се вклучи во овој проект.

– И јас самата сум била жртва на булинг, затоа се вклучив во проектот. Некогаш ние децата не сме свесни како влијае булингот врз нас, а можам да кажам дека и возрасните не го препознаваат булингот. Затоа направивме проект за врсничка медијација, со која ние би се вклучиле во решавање на конфликтот помеѓу учениците, без за тоа да бидат алармирани училишниот психолог и педагок, објаснува средношколката Ева.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

eleven − 6 =