Србиновски: Ужасни работи се случуваат во сите војни, но треба да се утврдат од независни извори

You must need to login..!

Опис

Воени злосторства во Украина се случуваат, обвинувања и контраобвинувања има околу настаните во Буча.

-Говориме за многу грозоморен чин во кој цивили ги изгубија животите. Ова далеку ги надминува поскорешните војни на Блискиот исток и поранешна Југославија. Класификацијата на оваа ситуација е тешко да се направи оти недостасува меѓународна проверка. Ќе пристигнат меѓународни тимови да проверат што се случило и кој го сторил тоа. Многу е страшно и ако е направена фабрикација и ако е изведено тоа масовно убиство, вели новинарот Александар Србиновски за Утрински брифинг.

Констатирањето на фактите не го прават политичари и новинари туку експерти форензичари.

Србиновски вели дека ако се направи паралела со случувања во Грузија, во Јужна Осетија, потоа Сребреница кое е случување од поголеми размери, како и случајот со Рачак во Косово кој сѐ уште се спори.

-Разликата е тука што станува збор за една голема сила која поседува нуклеарно оружје, вели Србиновски.

Србиновски вели дека не гледа волја за деескалација на конфликтот.

-Како Русија ќе се повлече ако однапред ги прогласуваме за воени злосторници? Ова сега е реторика која е карактеристична за деведесеттите, вели Србиновски.

Многу луѓе загинаа и ќе загинат, а има и голема материјална штета, па за очекување е да има судски процеси за репарации. Но, како што вели Србиновски, тешко е да се разликува кој всушност војува, дали се руски војници или платеници или доброволци, а контролата над тие луѓе е многу тешка.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

11 − nine =