СП „Борис Трајковски“ е подготвен за почеток на вакцинацијата

You must need to login..!

Опис

Се прават последните подготовки за почеток на вакцинацијата во спортскиот центар „Борис Трајковски“. Речиси 99 проценти од работата е завршена, барем што се однесува до техничкиот дел, рече денеска во Утрински брифинг директорот Александар Петровски.

-Моментално сме во фаза на тестирање на системите и мислам дека најкасно до утре салата ќе биде подготвена за во неа да почне процесот на вакцинација. За таа цел опремени се кабини, а во средишниот дел се поставени столици на кои вакцинираните граѓаните ќе треба да останат одреден период за опсервација со цел да се уверат медицинските лица дека се е во ред, по што ќе можат да го земат уверението за вакцина и да го напуштат центарот, објаснува Петровски. Граѓаните во салата ќе влегуваат на два влезови а ќе излегуваат од еден излез.

-Салата е можеби најсоодветното место за спроведување на вакцинацијата, нема да има застој што се однесува до протокот на луѓе. Ќе бидат отворени два влеза и еден излез. Направен е фантастичен протокол и мислам дека се ќе циркулира многу брзо. Салата ќе биде ставена на располагање од 8 часот наутро до 20 часот навечер, вели Петровски.

Големата сала во СЦ Борис Трајковски ќе биде на располагање на Министерството за здравство два и пол месеци. По завршувањето на вакцинацијата ќе бидат потребни три-четири дена за да се демонтира тоа што е монтирано и уште два дена за дезинфекција, по што повторно салата ќе биде ставена на располагање на спортските екипи. Мораме многу брзо да се вратиме во нормала, бидејќи имаме закажано светско првенство во ракомет во младински и кадетски конкуренции, исто така и одбојкарски натпревари, така што ќе бидеме зафатени претстојното лето.Благодарен сум за разбирањето кое го покажаа ракометната, одбојкарската и боречката федерација што и на закажани термини одлучија да ја променат локацијата на одржување на натпреварите. Не знам каде се презакажани натпреварите, но мислам дека другите сали ќе им излезат во пресрет за одржување на натпреварите, вели Петровски.

Тој ги повикува граѓаните непречено да ги посетуваат останатите капацитети во спортскиот центар како базенот, кугланата, малата сала…

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

5 × three =