СПЦ го доби 46 патријарх- Умерено решение наспроти националистичко

You must need to login..!

Опис

Митрополитот загребско љубљански Порфирие е избран за нов погловар на СПЦ. Шеесет годишниот Порфирие беше избран откако доби најмногу гласови за време на три ипол часовното гласање на црковниот сабор. Порофириј беше во тесна трка со освени гласови заедно со владиката Иринеј бачки и бањалучкиот владика Јефрем Иринеј бачки беше владика кој ужива голема подршка од актуелната власт и пред се престедателот Алекснадар Вучиќ, со што, уште од почетокот на изборот и гласањето се сметаше за еден од фаворитите за освојување на патријарскиот трон. Другиот табор за изборот како главен фаворит го протежираше дизелдорфскиот митрополит Григориј, кој беше под жестока кампања на актуелната власт обвинувајќи го дека е прозападно ориентиран и е подржам од опозцијата и странските служби Како умерено решение сепак беше избран Порфириј, кој иако од таборот на Иринеј Бачки, сепак се смета за умерен политичар во мантија. Порфириј изминатите години беше на чело на загребско љубљанската епаргија на СПЦ.

Иако во комплицирани историско политички релации меќу Србија и Хрватска, тој успеа да задржи умереност во верското водење на србите во Хрватска и досега не беше забележан ниту еден инцидент ниту пак изјава со која би привлекол негативно влијание од страна на Загреб. За разлика од другите владици од постарата генерација како починатиот Амфилохије , Порфириј засега нема никакви скандалозни и експлицитни изјави против МПЦ, верското наследство на Косово или обидот за формирање на Црногорска православна црква. Сето тоа , барем засега укажува дека СПЦ добила умерен патријарх со смирувачки повици за мир. Наредниов период ќе се покаже и каков став ќе заземе новиот патријарх околу прашањата и односите со МПЦ и обидот за формирање на Црногорска црква.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

5 × two =