Специјално за УБ: Феноменална изведба на „Санта Лучиа“ од оперскиот пејач Благој Нацоски

You must need to login..!

Опис

Состојбата во Италија се подобрува секој ден, вели за Утрински брифинг оперскиот пејач Благој Нацоски. Според него бројките на заразени е во пад, а тоа е индикација дека ситуацијата полека се движи кон сигурно подобрување.

-Јас, најискрено, се уште не можам да се пожалам дека ми е тешко во изолација, си наоѓам начини да си го исполнам времето во текот на целиот ден. Во овој период го сменив ритамот на спиење, рано станувам и рано легнувам“, вели Благој за Утрински брифинг.

„Што се однесува до денот, редовно ги набавувам сите намирници, вежбам дома, пејам, дозволено ми е да излезам со моето куче за да ги изврши своите физиолошки потреби. Се трудам постојано да бидам на позитивно ниво, не ми е јасно како успевам овие месец дена, но со позитивна мисла некако успевам. Не ми недостига уметничката инспирација. Напротив, технологијата ми помага да бидеме поврзани со колегите од целиот свет“.

Благој Нацоски за Утрински брифинг ја отпеа познататa Наполитанска песна, „Санта Лучиа“. Уживајте.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

4 + 14 =