Спасовски: Не поддржувам опција бизнис владеењето да го преклопи демократското владеење

You must need to login..!

Опис

Според најавите и плановите на новиот премиер Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи, останува на својата функција.

-Оваа Влада е со полн легитимитет и пред пратениците стојат сите делвнички можности. Нормално дека очекувам дебата и таквата дебата е добредојдена, вели Спасовски.

Тој вели дека и во СДСМ се водела дебата за кадровската политика на мандатарот Димитар Ковачевски по гласините дека Петре Шилегов бил против Спасовски да остане на функцијата. Спасовски вели дека на Централниот одбор на партијата овој предложен состав поминал едногласно и без ниту еден воздржан.

Неколку министри кои нема повеќе да бидат министри не присуствуваа на состанокот на ЦО и тоа се толкува како политички израз, но Спасовски вели дека причините за нивно отсуство била оправдана и однапред најавена.

-Демократскиот капацитет на СДСМ е на високо ниво и тоа сме го покажале во многу нарати, вели Спасовски.

По оставката на Зоран Заев која никој не ја очекуваше, и тој и неговиот претседател на партијата Ковачевски повикаа на обединување. Спасовски вели дека е нормално да има различни мислења, а најави и конгрес на кој ќе се разговара за изборните резултати и консолидацијата на партијата.

-Демократијата и Македонија како демократско општество може само да се надградува. Друг пат нема. Не е исто како во 2016 година. Демократија има, но далеку од тоа дека за тоа не треба да се разговара. Јас не можам да поддржам опција бизнис владеењето да го преклопи демократското владеење, вели Спасовски.

Тој додава дека изминатиот период беше битно да се подигне на повисоко ниво борбата против корупцијата. Но, механизмите за тоа не се кај вицепремиерот туку кај институциите и за тоа е потребна координација оти тоа секогаш дава подобри резултати.

-Ние во МВР направивме еден национален центар за борба против организираниот криминал во кој учествуваат претставници од сите институции кои се занимаваат со оваа проблематика. И ова тело даде резултати, а ние постојано испраќаме извештаи до ЕУ за тоа, вели Спасовски.

Има впечаток дека постои грч во однос на корупцијата и таа се сведува на односи на јавност повеќе одошто на конкретна борба против неа.

-Заедничка стратегија за настап за борбата против криминалот е мнгоу битно да се направи и за тоа сум разговарал лично со еврокомесарот за внатрешни работи. Ние ја информираме јавноста за секое дело што сме го откриле, но очигледно е дека тоа не е доволно за јавноста. Треба да дадеме сумарен извештај. На пример, 2020 година имаме најдобри резултати во последните 30 години, вели Спасовски.

Скако дека има и проблеми на кои треба да се посветиме повеќе, вели Спасовски. На пример, до 2017 година немаше водење финансиски истраги и конфискација на имот. Второ, сајберкриминалот беше оставен на страна и на тоа треба да се посветиме, а миграцијата и тероризмот исто така треба повеќе да влезат во фокусот, коментира Спасовски за Утрински брифинг.

Дел од јавноста се прашува како е можно да нема откриено никаков криминал во коалицискиот партнер на СДСМ од албанскиот блок, ДУИ.

-Мислам дека треба комплетно да ги извадиме сите случаи кои биле покренати против функционери од ДУИ. Имавме постапки и против директори и против други функционери, вели Спасовски. Тој додава дека ниту еден од министрите кои нема да бидат во новата влада не се поврзани со криминал ниту тоа е причина за нивна смена.

За мандатарот Димитар Ковачевски, Спасовски вели дека се познаваат одамна и имаат и приватни релации, но тоа не може да се доведе во врска со работата во владата.

Проследете го целиот разговор во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

14 + 16 =