Спасовски: Немаше пазарење со Мијалков, опозицијата размислува многу детски

You must need to login..!

Опис

„Во врска со невистините, ако Заев или било кој друг од СДСМ сакал да се пазари за било што со Мијалков или Груевски, тоа ќе го сторел во моментите кога започнавме со сериозната битка со нив, во однос на објавувањето на бомбите“, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Министерот нагласи дека тие не сакале во ниту еден момент да преговараат затоа што сметаат дека е направен сериозен криминал и злодело и за тоа треба поранешниот директор на ДБК да одговара.

-Многу се детски размислувањата на опозицијата. Денес да го повикувате човекот кој те поставил да бидеш на позиција на власт преку делегати, кој што ги контролира и денес викате мене не ми треба помош од криминалците, истакна министерот.

-Кој да ја разбие ВМРО-ДПМНЕ на Мицкоски? Сашо Мијалков кој го постави Мицкоски на конгресот во Валандово. Многу се детски размислувањата на опозицијата – денеска да го повикуваат човекот кој што те поставил да биде на позиција претседател и денеска да викаш не ми треба помош од криминалци. Значи кога зборуваме за разговори и преговори, досега немаше да имаме ниту едно судење против било кој од нив ако има било каков разговор. И на крајот кој би бил договорот од овој настан? Нема никаков договор. Мислам дека изрекувањето на пресудата, која не е работа на владата, ќе ги расчисти сите овие можни дилеми. Јас одговорно тврдам дека никој не преговара за ништо. Во полициското работење се применуваат сите можни методи за да дојдете до остварување на целта, смета Спасовски.

-Јас не сум контактирал ниту планирам да го направам тоа со некој што треба да се изведе пред лицето на правдата. Ние сме тука да ги спроведувам одлуките и решенијата кои што ги даваат органите кои што ја спроведуваат истрагата. Секако дека Обвинителството разговора и со бранителите на било кого, рече Спасовски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

17 + 5 =