Спасовски за УБ: Нема селективно постапување, кој сака и од каде сака нека е, ако грешел пред правдата тој ќе одговара

You must need to login..!

Опис

Направивме оперативен план уште во септември 2020, се со цел да имаме стратешки пристап за апсење на лица кои се бараат по потерници и можам да кажам дека овој тим кој што е оформен при оперативните акции се луѓе кои се исклучителни професионалци и дадоа сериозни резултати. Огромна е бројката – околу 200 (од септември до денес) луѓе кои што се приведени, а се барани по потерници. Имаме и топ приоритети во таа листа, односно лица кои што биле осудени на подолги казни и лица кои долго време се барани по потерница, а не биле приведени кон правдата. Вчера беше едно од тие приведувања. Лице кое беше осудено на 20 години затворска казна. Минатата недела иамвме приведување на лице кое 17 години се крие од лицето на правдата, изјави во Утрински брифинг министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

-Лицата кои што се наоѓаат на домашни или меѓународни потерници се стратешки приоритет на државата. Ако сакаме да водиме кривични постапки, ако сакаме да имаме борба против тој криминал, секако дека ефикасност во таа битка ќе биде ако крајниот епилог е лицето да оди да ја одлежи казната и да се одземе нелегално стекнатиот имот. Тоа се двете цели кои допринесуваат кон успешна борба против криминалот.

-Имавме околу 20 лица кои беа топ приоритет во оваа листа. Од септември до денеска да листа е преполовена. Тоа се инзвонредни резултати и значи дека целите и приоритетите се остваруваат со одделот за меѓународна полициска соработка и тимот кој што работи на оваа област, изјави министерот Спасовски.

-Трговијата со луѓе, вклучувајќи ги и децата е сериозен кој што не еод сега, ниту ќе заврши денеска. Тоа е еден постојан предизвик. Ние како држава презедовме сериозни чекори од 2017 година во правец на стратешко поставување во делот на борбата против трговијата со луѓе и нелегална миграција, вели Спасовски.

-2015 беше година во која што поминаа повеќе од 1.000.000 мигранти. Тогаш државата имаше многу мали капацитети, во смисла на подготвеност. Денеска кога говориме за тој капацитет тој е на многу повисоко ниво. Многу мал број од мигрантите имаат побарано азил во Република Северна Македонија.

-Кога зборуваме за трговијата со луѓе, за сексуалната злоупотреба пред се на децата на интернет, за семјното насилство, потребно е во функција да се стави целокупното ошштество пред се во подигање на јавната свест и потребно е подигање на капацитетите внатре во институциите. Без разлика за кој феномен станува збор, сетоа топа значи да се има добро едуцирани службеници. Имаме формирано посебна Национална комисија, со посебни Таск форсес, посебно едуцирани за начинот како да се препознае трговијата со луѓе, како да се пристапува кон жртвите…

Интегралниот разговор со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

10 + 20 =