Спасовски: Граѓаните на 0800-00-201 да пријават таму каде што ќе има организирани настани и прослави

You must need to login..!

Опис

Полицијата заедно со Агенцијата за национална безбедност работи континуирано, заради ота што проблемот со тероризмот е секојдневен предизвик. Имавме активности вчера, извршени се претреси на повеќе локации во Куманово, Скоје и приведени се неколку лица кои што имаат директна поврзаност за контакти односно за соработка со групата која што претходно беше уапсена во Куманово. Сакам да одадам признание и активностите кои се преземаат се за поздравување, бидејќи безбедноста нема цена, изјави во Утрински брифинг минситерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Свесноста на МВР е секогаш на високо ниво. 24 часа сме посветени во обезбедувањето на мирот и стабилноста на граѓаните. Тероризмот не е нешто што денеска ќе заврши, мно сакам сда ги уверам сите граѓани на РС Македонија дека сите институции коорднира и исклучително добвро работат во сузбивањето на секаква можност за изведување на било каков терористички акт. Секако дека празниците се потенцијална можност и затоа активностите насочени кон зачувувањето на јавниот ред и мир се на највисок степен и максимално сме подготвени да одговориме на секој предизвик, вели Спасовски.

Една од клучните задачи е да се изврши контрола и надзор на спроведувањето на мерките за заштита од ковид. Се наоѓаме во ситуација кога вирусот лесно се шири. Знаете дека зголемувањето на бројките на заболени создава сериозен притисок врз здравството и здравствените раотници. Пандемијата и кризата траат предолго и изцрпени се човечките капацитети пред се. Заради здравствениот систем и животот и здравјето на граѓаните ние ќе мора да ги почитуваме сите мерки. Сакам да им се заблагиодарам на граѓаните кои ги почитуваат мерките, но за жал имаме и себични граѓани. Затоа активно работиме на терен и зголемен е интензитетот во контролата на мерките и тоа дава резултати. Сега се денови на празници кога граѓаните се навикнати на собирање и дружби и се работи на детектирање на оние кои не ги почитуваат мерките. Секојдневно имаме случаи кога се растураат забави кои одредени групи ги права и тоа не го правиме само по дојави, туку врз основа на планови и активности.

Активно работевме и на детекција и притоа е откирена организирана криминална група која произведувала и продавала фалсификувани ПЦР тестови. Ова активност е спроведена заедно со Агенцијата за национална безбедност. Извршени се претреси на 11 локации, притоа се приведени 7 лица кои изготвувале лажни тестови. Треба да бидеме горди што институциите функионираат во овој дел и спроведуваат вакви активности.

Запрашан за дрогата понајдена кај советникот на потпретседателот на владата Артан Груби, и дали ќе се побара политичка одоговорност, Спасовски смета дека е крајно неморално некој да помисли дека треба да преземе било каква оппштествена одгооворност после вакви случаеви.

-Тоа е недозволен и некоректен однос према граѓаните на ова земја и потпретседателот Груби треба сериозно да размисли дали има потреба од ангажман на такви лица во неговиот кабинет.

Групирање на повеќе од четири лица е најсторого забрането. Ако требало да има дозвола, во одлуката ќе стои групирање до четири лица, освен оние кои имаат негативни ПЦР тестови. Таква работа не доаѓа предвид. Јас апелирам граѓаните да не си создаваат сами правила и да зодаваат трошоци за ПЦР тестови, затоа што секое собирање на повеќе од четири лица директно го загрозува здравјето и животот на граѓаните и за тоа мора да се носат санкции. Ние имаме изготвено оперативен план, голем број на полициски службеници ќе бидат искористени во делот на активностите кои ќе бидат преземени низ сите градови, а послкебен акцент ќе се стави на туристичките центри, акде има можност за издавање на викендици,. Без исклуок тоа ќе биде и во Скоппје. Одделот за компјутерски криминал детално ги следеше и ги следи сите објави и огласи кои ги имаат издадено луѓето.

Денеска ќе излеземе со еден проект за бесплатен телефонски број 0800-00-201, анонимен, и повикувам секој еден граѓанин да помогне и да биде партнер во спречувањето на ширењето на вирусот и таму каде што ќе има организирани настани и прослави да извести на овој телефонски, анонимен број.

ПОПИС

Попис мора да се направи, затоа што ако не го направиме пописот не можем да планираме никаков развој во иднина. Овој процес кој е тргнат во делот на организација на пописот треба да се оддржи. Предлозите се добродоојдени. Но прашење е дали се раеални. Дали е реално да се изврши попис со отпечаток од прст како што планира ВМРО-ДПМНЕ, дали е реално да се обезбедат финснсики средства за д аможат д асе набават ваквите апарати, дали е реално да очекуваме дека некој може да изврши испорака на тие апарати, и најважно сепак е прашањето зоштопопозиоцијата на дебата која се одвива со години, токму во овој момент се одлучува да поставува еден некаков нов услов за евенутална поддршка. Затоа ќе кажам. Попис во државата мора да има.

Целиот разговор со министерот Спасовски погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

11 − 1 =