Спасовски: Во казнено и воспитно – поправните установи се обезбедени сите предуслови за успешен попис

You must need to login..!

Опис

Ние како Управа за извршување на санкции ги презедовме сите неопходни чекори за спроведување на пописот кој е од големо значење за Северна Македонија. Пред се тука мислам на безнедностите и здравствените протоколи и мислам дека целиот процес ќе помине во најдобар ред. Обезбедени се посебни простории за попишувачите, исто така обезбедена е голема количниа на заштитни средства, пред, за време на трање и по завршување на самиот процес на поипишување на осудените и притворени лица, Ризикот од трансмисија на вирусот ќе го сведеме на минимум, изјави во Утрински брифинг, директорот на Управата за извршување санкции, Марјан Спасовски.

Согласно упатството кое е донесено од страна на директорот на ДЗС, а во согласност со министерството за правда во казнено – поправни и воспитно-поправни устнанови на територија на Северна Македонија пописот ќе се одвива од 1 до 15 март, а во самиот ќе учестуваат четворица попишувачи. За динамиката и регуларноста на пописот ќе одлучуваат самите попишувачи, а ние како Управа за извршување на асанкции и менаџерите на казнено – поправни и воспитно-поправни установи сме должни да ја обезбедиме целата неопходна логистичка поддршка за самиот процес да помине во најдобар ред, вели Марјан Спасовски и додава дека за среќа во установите во овој момент нема позитивни лица од корона вирусот.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

6 + eighteen =