Спасеновски: Политичката криза продолжува, очекуван ефектот на снежна топка

You must need to login..!

Опис

Александар Спасеновски, поранешен пратеник а сега професор на Правниот факултет го коментираше вчерашниот изборен ден за Утрински брифинг.

-Ефектот на снежна топка од првиот круг на изборите заврши со лавина во вториот круг. Опозицијата освои убедлива победа менувајќи ја ситуацијата од 2017 година. Можеби ситуацијата сега не е толку драматична но сепак е голема победа, вели Спасеновски.

-Најголем дел од граѓаните очекуваа по изборите крај на кризата и поларизацијата што владееше, но очигледно нема да биде така, политичката криза ќе продолжи – или ќе имаме рекомпонирање на мнозинството, или нова влада од сегашното мнозинство или предвремени избори, вели Спасеновски и додава дека претседателот на Собранието треба да закаже седница на која ќе се констатира оставката на Зоран Заев.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

6 + one =