Со феноменална изведба на „Parla piu piano“ од филмот „Кум“, Весна Ѓиновска Илковска порача: Вирусот ќе го победиме!

You must need to login..!

Опис

Согласно препораките од надлежните инстуции сите манифестации се одложени. Но гледачите со задоцнување сепак ќе можат да го видат коцертот. Сметам дека доколку свеста ни е на високо ниво ќе се справиме и ќе го победиме овој вирус, изјави во Утрински брифинг, Весна Ѓиновска Илковска, оперска певица, сопран, првенка на Операта на МНТ.

Потсетувајќи се на почетокот од својата кариера Илковска вели дека патот сам ја одвел до местото каде што е сега.

По студиите добив покана од тогашната македонска опера, МНТ, за гостување, деби, за улогата на Микаела. За мене лично тоа беше едноставно, бидејќи веќе се имав пофготвувано за тоа. Од тука почнав да ја градам својата кариера. И покрај тоа што во текот на овие 25 години имав понуди за многу улоги, но изборот секогаш го правев само јас.

Во овие години имам отпеано многу ликови, имам работено со многу диригенти и гостувано во голем број на театри. Сега работам и како професор на Факултетот за музичка уметност. Има и улоги и композитори кои сака да ги исполнам на сцената. Тука би го издвоил Вагнер – една инзвонредна музика, една музичка филозофија, вели Весна Ѓиновска Илковска.

За Утрински брифинг ја отпеа нумерата „Parla piu piano“ од филмот „Кум“. Уживајте!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

1 × four =