Со Калина Малеска во високата зона на литературата

You must need to login..!

Опис

„Скопје во високата зона“ е насловена четвртата збирка раскази на Калина Малеска, за која што вели дека ја пишувала во изминатите четири – пет години и се поделени во четири циклуси и се случуваат во блиска иднина, или во минатото и сите се поврзани со Скопје.


Еден од елементите што ги карактеризираат овие раскази е хуморот.

„Се обидувам низ самокритичност и самоиронија да внесам и критика , но низ хумор. Обично сакам да ја потенцирам самоиронијата и затоа во книгата повеќето раскажувачки имаат некакви илузии во однос на реалноста, бидејќи не сакам кога критиката е насочена само кон другите, ако е исклучиво кон другите ми се чини дека немаме секогаш претстава за своето место во светот, колку сме важни или неважни итн. И затоа обично критиката е насочена кн самиот раскажувач, има тука и самоиронија и самопародија.
Еден од најличните раскази е „Предизвикот полумаратон 2017“, и во сите други има лични елементи, но во нив градам приказна со некои експериментални наративни техники, но овој расказ конкретно е најавтобиографскиот и речиси нема ништо измислено, во тој расказ е напишано токму онака како што се одвиваше, додека трчав ми доаѓаа на ум некои проблеми со кој постојано се соочуваме со градот или и некои што директно не се поврзани со градот, тоа може да се лични дилеми, некои нејасности што си ги расчистувам додека трчам низ скопските улици“, вели за Утрински брифинг, писателката Калина Малеска.

Инаку, таа е и преведувачка, книжевна теоретичарка и професорка. Таа е авторка на четири збирки раскази: Недоразбирања (Македонска книга, 1998), Именување на инсектот (Слово, 2008), „Мојот непријател Итар Пејо“ (Или-Или, 2016) и актуелната „Скопје во високата зона“ ( повторно за истиот издавач Или-Или 2021). Тука се и романите „Бруно и боите“ (Слово, 2006) и „Призраци со срмени нишки“ (Слово, 2014), драмата „Случка меѓу настани: Хипатија од Александрија“ (Слово, 2010), книгата за деца „Арно ама“ (Или-Или, 2018) и книжевната студија „Облици на моќ во современата книжевност“ (Или-Или, 2020).

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

six − four =