Соња Иванова, продавачка на книги се спротивставува на идејата тезгите да се пренесат на новиот пешачки мост

You must need to login..!

Опис

Соња Иванова веќе 40 години, секое утро во 8 часот ја отвора нејзината тезга со стари книги. Вели дека читањето е драстично променето во последните десетина години како последица на он лајн изданијата, но од секојдневната комуникација со љубителите на пишаниот збор, се уверува дека се уште има и такви кои сакаат книгата да ја држат во рака. Тезгата на Соња е во срцето на Скопје, на плоштад Македонија, но многу наскоро би можела да биде преместена на пешачкиот мост на кој требаше да се гради панорамското тркало. Таква идеја има градоначалникот Петре Шилегов, кој има намера да отвори кафе книжарници во состав на тезгите за продажба на книги. Сепак, идејата книжарниците да бидат на мост, каде што температурата е пониска, ветровите се посилни а минувачите поретки, е неприфатлива на продавачите.

-Можеби градоначалникот е поттикнат од некои други земји каде што на таков начин се продаваат книги, но ова е Македонија. Кога ние сите би се собрале на едно место книгата ќе пропадне. Покрај тоа, локацијата не е среќна бидејќи книгата е чувствителна материја. Водата, ветерот, изолираноста од централното градско подрачје ќе направи смрт за книгата. Јас работам со стари книги кои бараат посебни услови. Кога би отишле таму да работиме книгите сигурно за еден месец ќе пропаднат. Ние и во централното градско подрачје не можеме да се справиме со силните ветришта, а покрај Вардар ќе биде страшно, вели Соња.

Таа нагласува дека книгата мора да биде поставена централно и фронтално, за да биде видена и да предизвика интерес.

-Книгата не смее да го менува местото, дури и кога идејата е да се привлечат помладите со кафе книжарници. Помладите се занимаваат со друг вид на литература. Тука има книги што веќе ги нема во книжарите ниту во издавачките куќи. За да купи некој книга треба специјално да дојде на мостот, а такви луѓе има многу малку.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

4 × two =