🎥 Сотировски: Верските заедници не во целост го сообразија своето делување со потребите од колективната здравствена заштита, тука треба да има одговорност

You must need to login..!

Опис

-Точно е дека вонредните мерки важат за сите граѓани. Јавноста со право реагира и е поемотивна кога верските прашања се „топ тема“ на денот. Точно е дека Комисијата е во континуиран разговор со надлежните институции. За волја на вистината имаме чекори од верските заедници кои може да се толкуваат како помош во тој момент кога беше најпотребно.

-Доколку треба да направам еден заклучок – тоа би бил дека верските заедници не во целост го сообразија своето делување со потребите од колективната здравствена заштита, и сметам дека тука треба да има одговорност. За поздравување е тоа што ИВЗ два месеци ги имаше затворено џамиите, како и МПЦ со своето однесување околу Велигден, изјави за Утрински брифинг, директорот на Комисијата за верски заедници, Даријан Сотировски.

-Доколку негуваме култура на постојан притисок врз институциите а паралелно негуваме култура на неказнивост на прекршителите на законот, ние ќе се соочуваме со слика која во јавноста со право ќе се обсервира како анархична, смета Сотировски.

-Комисијата во овие услови има само задача да ги пренесе ставовите од едната страна на другата и работите добронамерно да се решат. Доколку прекршувањата на мерките би се казниле, би превенирале нивно повторување. Доколку верските субјекти од страна на органите на прогон и правосудните органи се тртетираат рамноправно како и сите правни и физички лица ние не би збореле веќе за проблем, додаде Сотировски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

fifteen − 12 =