Куќните собиранки главен проблем за ширење на заразата, разговор со градоначалниците на Прилеп и Кичево

You must need to login..!

Опис

Прилеп е еден од водечките градови во државата со новозаразени и хоспитализирани пациенти. Денеска ќе имаме координација со Кризниот штаб и ќе разговараме за тоа дали мерките досегашни се доволни за спречување на ширењето на заразата, изјави во Утрински брифинг Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

Комодитетот и ослободување кое што граѓаните го имаат во последно време е една од причините за ширење на корона вирусот. Седењето и дружењето во кафулињата, гужвите пред банките, а она што е битно за Прилеп се и куќните собиранки кои за жал најмалку можат да се контролираат. вели Јовановски.

Околу кандидатурата на претстојните локални избори Јовановски вели дека се уште нема донесено одлука и дека приоритет му е справувањето со короната.

Во Утрински брифинг гостин беше и градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари, кој истакна дека имајќи го предвид здравјето, најнормално е да се почитуваат сите мерки.

Ние како општество, како граѓани треба да ги почитуваме мерките и препораките. Очекувам дека после неколку денови ќе имаме намалување на бројакта, не само во Кичево, иако и сега состојбата во нашиот град е стабилна. Според бројките што ги имаме мислам дека нема потреба од дополнување на мерките, но според одлуките на Владата ние секако дека ќе постапуваме. Се надеваме дека со почитување на овие мерки кои сега ги имаме, како почитување на полцискиот час, очекуваме и дека бројките ќе се намалат. Јас мора да кажам дека сум презадоволен од граѓаните и нивното однесување.

Околу кандидатурата на претстојните локални избори Дехари вели дека доколку има поддршка од граѓаните секако дека ќе се трка за нов градоначалнички мандат.

Разговорот со градоначалниците Јовановски и Дехари погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

one × four =