🎥 📞 Столеска: Сити, Метрополис и Клуб ФМ рамо до рамо со светските радија – професионален тим создаден од професионалци

You must need to login..!

Опис

Во време на КОВИД-19 главниот извор каде се слуша радио се автомобилите луѓето кои одат на работа. Во случајов овие два месеци беше намален сообраќајот и дали тоа се одрази на радијата беше една од темите за кои разговаравме со Марга Столеска, уредник на Клуб ФМ, Сити радио и Метрополис.

-Короната во голема мера ги погоди сите сегменти на живеењето, но јас немам чувство дека радиото помалку се слушаше. Напротив, радиото беше директен медиум кој што ги пренесуваше сите работи кои беа атрактивни.

Околу работната атмосфера за време на пандемијата, Столеска истакна дека кога се создаваа овие радија најважно е што токму Сити, Клуб ФМ и Метрополис беа основани од професионалци. И морам да истакнам дека само професионалци можат да создадат тим од професионалци. Кога беше најголемиот удар на пандемијата, морам да кажам дека исто како и сите светски медиуми ние одевме со жива програма.

Околу продукцијата на македонската музика, Столеска вели дека се она што е македонска уметност, драмска, ликовна, музичка Клуб ФМ, Сити и Метрополис е 100% поддржано и секојдневно се прави промоција на нашите, македонски вредности.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

2 × 4 =