Сокле: Календарот на натпревари во скијање до сега се одвива според предвиденото

You must need to login..!

Опис

Пандемијата како и во сите спортови така и во скијањето прави потешкотии. Но нашата програма ја водиме како што ја предвидовме. До сега големите натпревари не се откажани. Скијачката федерација негува четири видови на сппортови, и сите натпревари се надвор од Македонија, изјави во Утрински брифинг Васил Сокле, в.д претседател на скијачка федерација.

Се соочуваме со финансиски потешкотии, бидејќи кога сме надвор мора да се тестираме во зависност од државата во која претстојуваме. Застојот може да дојде во натпреварите кои носат бодови на ФИС листата, но до сега ништо не е откажано, вели Сокле.

Во време на најголемата пандемија, август, ние организиравме натпревар, затворање на скопските улици, роуд скиинг, меѓународен натпревар каде имаше учесници од седум земји. Во Крушево имавме исто така летна трка, и можам да кажам дека не застанавме со натпреварите, вели Сокле.

Целиот разговор со Васил Сокле, в.д претседател на скијачката федерација погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

fifteen + fourteen =