Случувањата со „Глобал“ ја покажуваат неопходноста од дописниците од внатрешноста, разговор со Сузана Мицева

You must need to login..!

Опис

Процесот на чистење е процес кој ќе потрае. Има неверојатно многу отпад, така што најавите се дека до вторник-среда ќе биде исчистен отпадот за да може потоа да се прејде кон санирање на објектот. Денеска треба да биде отворена посебната сметка за солидарен фонд преку кој ќе може да се донираат средства за санирање на заедничките простории, изјави за Утрински брифинг новинарката Сузана Мицева.

Она што можевме да го видиме однадвор не е ни десетина од она што правел пожарот внатре. На терен се луѓе кои што се волни да им помогнат на своите сограѓани, вели Мицева и додава дека она што пожарникарите го изјавиле е дека кога влегле внатре во објектот наишле на нефункционални хидранти и дека некој го затворил главниот вентил на шахтата и биле бескорисни.

Ова ќе биде предмет на истрага и да ги оставиме настрана приказните кои што се прават, изјави Мицева.

Целиот разговор со Мицева погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

16 + 1 =