Случај Ѓоковиќ – спорт, бизнис, политика, здравство

You must need to login..!

Опис

-Сѐ уште постои можност австралискиот министер за миграција, Алекс Хоуп, да донесе одлука за депортација на Ѓоковиќ, независно од тоа што судијата Ентони Кели вчера пресуди во корист на Новак, односно ја поништи одлуката на граничната полиција за укинување на визата на Ѓоковиќ, што беше вовед во онаа експлозија на светските медиуми.

-Сега веќе Ѓоковиќ го оддржа првиот тренинг. Испрати порака дека сака да учествува, да победи. Него му е исклучително важен Австралија Опен, затоа што 9 Гренд слем титули од вкупно 20 ги освои во Мелбурн. Но останува можноста за депортација на Ѓоковиќ, изјави за Утрински брифинг, новинарот на Слободен Печат, Милорад Мишел Стојмановски.

-Имаа право семејство Ѓоковиќ дека се загрозени човековите права. Австралија Опен го покани Ѓоковиќ, независните две Комисии рекоа дека може да биде медицински исклуок за да добие виза за влез во државата.

-Сите спонзори поаѓаат од сопствениот интерес. Кога се прават договори влегуваат клаузули во кои спортистите зависат од остварени резултати, но вакви непредвидливи ситуации кои се надвор од спортот можат да им направат сериозни проблеми во спонзорските договори, вели Стојмановски.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

two × one =