Слободан Петровиќ – добитник на наградата 13 Ноември

You must need to login..!

Опис

Слободан Петровиќ, еден од добитниците на овогодинешната награда „13 Ноември“ денеска во Утрински брифинг зборуваше за значењето на оваа награда по долгогодишниот ангажман како новинар и публицист.

– Ова е признание кое би сакал да го добие секој кој оставил свој белег во јавниот и општествениот живот во Скопје. Во оваа награда се вложени големи материјални и духовни капацитети. Јас целиот свој живот го посветив на новинарството и издаваштвото. Затоа и толку многу се радувам за наградата, а благодарен сум и на тие кои ме номинираа и ме изгласаа, рече Петровиќ на почетокот на разговорот.

Тој жали за сите згаснати печатени медиуми на кои, од времето на Екран, па до Утрински весник.

– Екран беше југословенски феномен, не само македонски, затоа што имаше просечен тираж од 105.000 примероци. Жал ми е што престана да се печати ова списание, но жалам и за останатите македонски медиуми, за списанијата кои беа макотрпно создавани, а беа насилно затворени. Тоа се Дневник, Утрински весник, Вест, Теа Модерна, Пулс. Сега со задоволство го читам „Слободен печат“, таму има прекрасни новинари а морам да се пофалам, дел се и мои ученици, додаде Слободан Петровиќ.

Конкурирајќи за наградата, тој подготвил книга од 120 страници, во која се прикажани неговите достигнувања.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

20 + 5 =