Следува период на променливо, но како што јавува Славчо и доста потопло време

image

You must need to login..!

Опис

До крајот на денов ќе имаме претежно облачно време, на повеќе места со повремени врнежи од дожд. Поинтензивни врнежи ќе има во јужните и во југоисточните предели од државава.

На планините врнежите ќе бидат од снег а ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од источен правец. Максималната дневна температура на воздухот ќе се искачува во интервалот од 5 до 11 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно а ќе има услови и за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец, максималната дневна температура ќе се искачи до околу 9 степени.

Потоа во деновите од викендот, и тоа особено во недела ќе има повеќе сончеви периоди и ќе имаме постабилно време, иако не се исклучува можноста за слаби локални врнежи.

Максималните дневни температури, особено во недела и понеделник ќе бележат тенденција на позначителен пораст. Истите ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 18 степени. Релативно постабилното време ќе се задржи и во понеделник.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

2 × two =