Следните денови температури до 38°C, Славчо најавува продор на африкански бран во Македонија

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во нашата држава ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж повардарието повремено ќе засилува. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 35 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 31 степен.

Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно, сиво и сончево со мала локална облачност. Во четврток и во петок ќе има услови за попладневна локална нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Поради продор на Африкански бран во текот на следните денови температурите на воздухот ќе бележат тенденција на значителен пораст, истите ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 37, 38 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

nineteen − fourteen =