Славчо со смрзнувачка вест: Температурите паѓаат на -12°C

ИНЕС

You must need to login..!

Опис

До крајот на денов во државава ќе имаме променливо облачно време, локално сеуште ќе има послаби врнежи од снег, особено во текот на претпладнево.

Ќе дува умерен до засилен, на некои места повремено СИЛЕН ВЕТЕР (над 80 км/час) и тоа од северен правец. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од -4 до 6 степени.

Потоа од утре ќе има повеќе сончеви периоди, сепак уште во текот на утрешниот ден на крајниот североисток ќе има услови за слабо и локално провејување на снег. Ќе дува умерен, особено Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Минималните температури на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од -12 до -3 степени, особено во текот на утрешното утро. Доста студени утра ќе имаме и во следните неколку денови, минималните температури и понатаму на некои места ќе се спуштаат до околу -10 степени.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 7 степени. Во крајните југоисточни предели истите не се исклучува можноста да се искачат и малку над 10 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

18 − 6 =