Славчо со препорака: Чадорите со Вас, следуваат дождови

image

You must need to login..!

Опис

До крајот на денов во нашата држава ќе имаме претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, локално и тоа особено во источната половина врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ каде ќе има услови и за локална појава на грмежи. На некои места се очекува да наврнат над 20 л/м2 воден талог. На високите планини ќе има врнежи од снег а ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Најизразен ветерот ќе биде долж Повардарието и во источните предели од државава (над 70 км/час).

Доцна попладне и навечер ветерот ќе го промени правецот во северозападен. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 17 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец, особено претпладнево. Доцна попладне и навечер ветерот ќе го промени правецот во северозападен, максималната дневна температура на воздухот се очекува да се искачи до околу 14 степени.

И во текот на следниот период ќе имаме доста променливо време, ќе има и почести повремени врнежи од дожд и тоа особено за време на викендот кога локално врнежите повторно ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ. Утре и во петок на повеќе места ќе имаме релативно суво време, иако локално се очекува појава на слаб локален дожд.

Што се однесува до температурите на воздухот, истите и понатаму ќе бидат над просекот за овој дел од годината и на многу места ќе се искачуваат над 10 степени. Во најтоплите предели од државава температурите на воздухот повторно се очекува да се искачат до околу 20 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

eight + 6 =