Славчо со не баш добри вести: Спремете се за нова ДРАСТИЧНА промена на времето од недела

image

You must need to login..!

Опис

До крајот на денов во државава времето ќе биде сончево и релативно топло. Ќе има појава и на мала локална облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од северен и од северозападен правец.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната дневна температура на воздухот се очекува да се искачи до околу 18 степени.

Потоа во следните два дена ќе продолжи претежно стабилното, суво и топло време. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 21 степен.

Во недела во текот на денот ќе започнат врнежи од дожд а локално ќе има услови и за развој на нестабилност проследена со дожд, грмежи, засилување на ветерот и услови за сосема редок град. Максималните дневни температури во недела ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 19 степени.

Во текот на ноќта недела кон понеделник на планините врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег, и тоа поради почеток на продор на значително постуден воздух од север и од североисток.

Од понеделник па натаму ќе имаме значително постудено време а температурите ќе бидат под просекот за овој дел од годината. Тогаш услови за врнежи од снег ќе има и на некои од пониските места.

Исто така на некои места се очекува и формирање на снежна покривка, особено на повисоките места и на планините. Сето ова ќе биде проследено и со умерен, повремено на некои места засилен ветер од северен и од североисточен правец.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

two × 3 =