Славчо со добра вест: Доаѓа многу топло и сончево време

image

You must need to login..!

Опис

До крајот на денов во нашата држава ќе имаме претежно сончево и топло време. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде претежно сончево и топло. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, максималната дневна температура на воздухот ќе се искачи до околу 18 степени.

Потоа до сабота ќе се задржи стабилно, суво и натпросечно топло време. Максималните дневни температури на воздухот ќе бидат значително повисоки од нормалните, особено утре кога ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 24 степени.

Промена на времето ќе имаме во сабота навечер и во текот на ноќта кон недела како и во недела. 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

8 + 7 =