Славчо со анализа какво време не очекува наредните денови

image

You must need to login..!

Опис

Во текот на денешниот ден времето во државава ќе биде сончево со умерена локална облачност. Во попладневните часови ќе има услови за локален краткотраен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за ретка појава на град.

Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и од северозападен правец, истиот повремено ќе засилува. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со умерена локална облачност.

Во попладневните часови ќе има услови за ретка појава на краткотраен локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 28 степени.

Потоа и во следните денови ќе продолжи нестабилното време со локална појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град, особено за време на викендот и на почетокот од следната недела. Најстабилен ден ќе биде утрешниот ден петок кога ќе има услови само за сосема ретка појава на краткотраен дожд, особено на североисток.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

two × five =