📞 Славчо смирува и најавува – Следува сончево и пријатно време со умерен ветер

image

You must need to login..!

Опис

Во текот на денешниот ден, како и утре под влијание на стабилна и сува воздушна маса, времето ќе биде сончево и пријатно топло со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува умерен ветер од северен правец кој особено долж повардарието ќе засилува. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 24 степени денес, и од 19 до 26 во текот на утрешниот ден.

Во Скопје и околината ќе имаме сончево и пријатно топло време со мала локална облачност, ќе дува умерен ветер од северен правец кој повремено ќе засилува. Максималната температура ќе се искачи до околу 22 степени денес, и до околу 23 степени во текот на утрешниот ден.

Потоа во недела, како и на почетокот од следната седмица во попладневните часови ќе има услови за локален дожд и услови за локална појава на грмежи. Температурите нема многу да се менуваат, односно истите ќе бидат малку под просекот за овој дел од годината и на почетокот од следната седмица ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

two × three =