Славчо Попоски: Променливо облачно со услови за локално провејување на снег

image

You must need to login..!

Опис

Денес и утре времето во Македонија ќе се задржи променливо облачно со услови за локално провејување на снег, додека на некои пониски места ќе има услови за проврнување на слаб дожд и снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, најизразен долж повардарието. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 9 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со умерен до засилен ветер од северен правец. Локално ќе има услови за провејување на слаб снег, додека максималната температура ќе се искачи до околу 5 степени.

Потоа од четврток па натаму ќе имаме претежно стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -8 до 0 степени, додека максималните дневни ќе бидат во постепен пораст, особено за време на викендот кога ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 17 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

3 + 11 =