Славчо Попоски: Продолжува променливото време, температурите до 7 степени

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во државава ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Локално ќе провејува слаб снег а ќе дува и засилен ветер од северен и од северозападен правец.

Максималната температура ќе се искачува во интервалот од -2 до 7 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе се искачи до околу 4 степени.

Потоа, утре и во петок во текот на денот ќе има преодна стабилизација на времето, додека од петок во вечерните часови и во текот на ноќта кон сабота следува период на променливо време со нови почести врнежи од дожд и снег на планините. Поради јужното воздушно струење температурите повторно ќе бидат во пораст и максималните дневни во текот на следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

three × 5 =