Славчо најавува уште поинтензивни врнежи во скопскиот регион

image

You must need to login..!

Опис

Денес нашата територија и понатаму ќе се наоѓа под влијание на циклонска активност и на изразена влажна воздушна маса која ќе услови облачно време со ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи од дожд и до крајот на денов локално ќе наврнат нови над 30 л/м2 воден талог. Локално ќе има услови и за ретка појава на грмежи а услови за врнежи од снег ќе има на највисоките планини во северозападните предели. Ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец кој понекаде повремено ќе засилува, максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 12 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде облачно со врнежи од дожд кој повремено ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ. Ќе започне да дува слаб до умерен ветер од северен правец и истиот повремено ќе засилува. Максималната дневна температура денес во Скопје ќе се искачи до околу 5 степени.

Потоа од утре па во следните денови нашата територија ќе се наоѓа под влијание на постудена воздушна маса која ќе услови намалување на температурите на воздухот и повремени локални врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините, кој поради падот на температурите на воздухот ќе преминуваат во снег и на некои пониски места, особено од среда во вечерните часови. Температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 11 степени, уште поголем пад на истите поради понатамошно спуштање на студената воздушна маса од север ќе има од четврток.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

five × five =