🎥📞 Славчо најавува промена на времето и предупредува од град, грмежи и засилен ветер

image

You must need to login..!

Опис

До крајот на денов во нашата држава времето ќе биде умерено облачно и многу топло со сончеви периоди. Локално ќе има нешто повеќе облачност. Попладне и кон крајот на денов ќе има услови за изолиран развој на нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи, засилување на ветер и услови за ретка појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој Долж Повардарието ќе засилува. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 33 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, максималната дневна температура ќе се искачи до околу 30 степени.

Локален развој на нестабилност ќе има и во вторник попладне и навечер проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на НЕВРЕМЕ проследено со град. Во среда пак во поголем дел од денот ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално исто така ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ со засилен ветер и појава на град. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 31 степен во вторник и од 22 до 30 во среда.

Позначителен пад на температурите се очекува во четврток кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени. Во четврток сеуште ќе има повремени врнежи од дожд и услови за локални грмежи, ќе дува и умерен до засилен ветер од северен правец. Во петок ќе има стабилизација на времето и престанок на врнежите.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во текот на оваа недела, во случај на појава на електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Овчарите своите овци пак да ги делат во помали групи, со цел да ги заштитат.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

1 + four =