🎥 📞 Славчо најавува топло време, но и поројни дождови

image

You must need to login..!

Опис

Денес во нашата држава времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец.

Во попладневните часови и тоа особено на запад, југ и југозапад ќе има услови за локален краткотраен пороен дожд и услови за појава на поретки грмежи. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени.

Славчо Попоски
Попоски: Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови има помали услови за локален краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 23 степени.

дожд-сонце
Во попладневните часови и тоа особено на запад, југ и југозапад ќе има услови за локален краткотраен пороен дожд и услови за појава на грмежи

Во следните денови во попладневните часови ќе има услови за локален краткотраен пороен дожд. Не се исклучуваат и грмежи, најпрвин претежно по планинските места.

Одсега гледано понестабилно време и на повеќе места со врнежи се очекува да биде на средината од оваа недела.

Според моменталните анализи, услови за локален краткотраен дожд и поретка појава на грмежи ќе има и за првомајските празници.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

8 + six =