Славчо најавува топлотен бран во Македонија – температурите ќе се искачат и над 40°C

image

You must need to login..!

Опис

Од денес па во текот на следните денови нашата територија ќе се наоѓа под влијание на многу топла воздушна маса која продира од југ. Времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Само локално во попладневните часови има услови за ретка појава на нестабилност проследена со краткотраен локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Денес температурите ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 39 степени, додека во текот на следните денови ќе бележат тенденција на пораст и ќе се искачуваат во интервалот дури од 34 до 42 степени.

Во Скопје и околината денес, како и во текот на следните денови времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој повремено ќе засилува. Денес максималната температура ќе се искачи до околу 35 степени, додека во текот на следните денови истата се очекува да се искачи до околу 39 степени.

УВ ИНДЕКСОТ ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе има коефициент помеѓу 10 и 11.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

8 − six =