Славчо најавува студено и сончево време со мала локална облачност

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и студено со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 6 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и студено. Максималната температура ќе се искачи до околу 2 степени.

Потоа до петок времето ќе се задржи сончево и студено со мала до умерена локална облачност. Утрата ќе бидат студени и тоа особено утре кога минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -12 до -3 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 6 степени.

За време на викендот поради јужното воздушно струење ќе има пораст на температурите, а ќе има и повеќе облачност, додека од недела ќе има појава и на повремен локален дожд. Ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 11 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

19 − twelve =