Славчо најавува студено време со силен ветер од северен правец

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и СТУДЕНО со сончеви периоди и со засилен, повремено на некои места СИЛЕН ветер од северен правец. Ветерот локално ќе достигнува брзина и од над 70 км/час. На некои места ќе има слабо провејување на снег, додека максималните температури денес ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 6 степени.

Потоа од утре следува неколку дневен период на претежно стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Наутро ќе биде МНОГУ СТУДЕНО и тоа особено утре кога минималните температури понекаде ќе се спуштаат до околу -10 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени.

Пораст на максималните температури ќе има за време на викендот и истите ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 13 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

3 × 2 =