Славчо најавува студено време со дожд и снег на планините

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде претежно облачно и СТУДЕНО со повремени врнежи од дожд, додека на повисоките места и на планините врнежите ќе бидат од снег. Поради заладувањето, врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег и на некои пониски места, особено во северните и западните предели, каде снежна покривка ќе се формира понекаде и на пониските места, а на планините истата ќе се зголемува. Попладне врнежите ќе престануваат и ќе настапи разведрување и стабилизирање на времето. Ќе дува засилен ветер од северен и од северозападен правец, најизразен долж повардарието. Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот само од 0 до 10 степени во најтоплите предели од државава.

Во Скопје и околината во текот на претпладнево времето ќе биде претежно облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд и од снег, додека попладне врнежите ќе престануваат и ќе настапи разведрување и стабилизирање на времето. Ќе дува засилен ветер од северен и од северозападен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 5 степени.

Потоа утре и во четврток времето ќе биде стабилно, суво и сончево со умерена локална облачност. Наутро и тоа поради разведрувањето ќе биде МНОГУ СТУДЕНО и минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -2 степени, додека максималните ќе бидат повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 13 степени.

Нов влажен бран кој ќе услови нови врнежи од дожд и снег на планините се очекува во петок, како и за време на викендот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

7 + twelve =