Славчо најавува студена воздушна маса која се спушта од Арктикот – температурите ќе одат и под -15 степени

image

You must need to login..!

Опис

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и постудено со услови за локални и послаби врнежи од дожд, додека на планините ќе има слаби врнежи од снег. Особено Долж Повардарието ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Макисмалните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 11 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со услови за повремен слаб дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, максималната дневна температура ќе се искачи до околу 7 степени.

Од утре доцна попладне и навечер нашата територија ќе подпадне под влијание на многу студена воздушна маса која се спушта од Артикот. Истата ќе услови значително намалување на температурите на воздухот и повремени локални врнежи претежно од снег.

Утре и во четврток услови за формирање на снежна покривка ќе има и на некои пониски места. Максималните дневни температури во текот на утрешниот ден ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 11 степени, меѓутоа од доцна попладне значително ќе опаѓаат. Особено студено ќе биде од петок па за време на викендот кога на повеќе места температурите ќе се задржат под нулата, додека наутро понекаде истите има услови да се спуштат дури и под -15 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

17 − eight =