Славчо најавува студена воздушна маса од север – дожд и снег на планините

image

You must need to login..!

Опис

Под влијание на влажна и студена воздушна маса од север, денес времето во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините. Во текот на денот и тоа поради заладувањето, услови за врнежи од снег ќе има и на некои од пониските места. Ќе дува умерен, а долж повардарието засилен ветер од северен и од северозападен правец. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 9 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде облачно и студено со умерен до засилен ветер од северен и од северозападен правец. Ќе има услови и за локално проврнување на дожд и снег. Максималната температура ќе се искачи до околу 6 степени.

Потоа утре ќе има краткотрајно стабилизирање на времето и повеќе сонце. Наутро ќе биде студено со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од -8 до 2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени.

Под влијание на влажен воздушен бран, од четврток попладне па натаму ќе има нови повремени врнежи од дожд и снег на планините.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

two + 5 =