Славчо најавува стабилно, суво и топло време

image

You must need to login..!

Опис

Продолжува периодот на претежно стабилно, суво и релативно топло време. Односно времето ќе биде сончево со умерена локална облачност. Повремено и локално ќе има нешто повеќе облачност а само утре ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретка појава на грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен и од југозападен правец и истиот на некои места повремено ќе засилува. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 25 степени, додека во најтоплите предели истите во текот на следните денови ќе се искачат и до околу 30 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево, повремено со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 28 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

16 − 10 =