Славчо најавува стабилно, суво и сончево време – од недела нова дестабилизација проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

image

You must need to login..!

Опис

До сабота времето во Македонија ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Истиот особено долж повардарието повремено ќе засилува. Температурите ќе бележат тенденција на пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 30 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец и истиот повремено ќе засилува. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 28 степени.

Потоа од недела попладне се очекува ново дестабилизирање на времето со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите на воздухот, особено во почетокот од следната недела ќе бележат тенденција на мало опаѓање.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

5 − three =