мај 6, 2021 334 Нема коментари

You must need to login..!
Опис
Денеска, како и во следните денови продолжува периодот на претежно стабилно, суво и сончево време со умерена локална облачност. Повремено ќе има нешто повеќе облачност а особено во сабота ќе дува умерен, долж повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени, додека за време на викендот истите ќе бележат тенденција на пад за неколку степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево, повремено со умерена облачност. Во сабота ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 27 степени.